Тој им честита на двете страни на успешните преговори, наведувајќи дека размената би можела да биде вовед во позначаен напредок кон мирот.
- Штотуку заврши голема размена на затвореници помеѓу Русија и Украина. Наскоро ќе стапи во сила. Честитки до двете страни за овие преговори. Дали ова може да доведе до нешто големо???, посочи Трамп.
Според украински извори разменети се околу илјада воени заробеници, што е најголема размена од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година.
Размената на воени заробеници е договорена минатата недела на преговорите во Истанбул, на кои Киев бараше и привремен прекин на огнот, но Москва одби.
Русија сè уште не ја коментираше размената, но потврди дека е постигнат договор.