Трамп пристигна во Давос со три часа задоцнување- се очекува неговото обраќање (ВИДЕО)

21.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп пристигна во Давос со три часа задоцнување- се очекува неговото обраќање (ВИДЕО)

Хеликоптер е подготвен на пистата на аеродромот во Цирих, што сугерира дека Трамп ќе го користи за да го продолжи своето патување. Според извештаите на медиумите, се очекува тој да пристигне во Давос околу 14 часот за да може да се обрати на форумот во 14:30 часот.

Сепак, тоа време сè уште не е потврдено.

Се очекува околу 35 земји да присуствуваат на церемонијата за потпишување на Мировниот совет на Трамп

На церемонијата за потпишување на новоформираниот Мировен совет на претседателот Доналд Трамп ќе присуствуваат околу 35 од 50-те земји поканети на настанот во Давос во четврток, изјави висок функционер на администрацијата.

Некои земји, како што се Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, веќе ги потврдија своите планови за учество. Но, неколку други сè уште не се обврзале, додека сојузниците како Франција ја отфрлија можноста за приклучување кон советот.

Средбата на Трамп со Мерц е откажана

Средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со германскиот канцелар Фридрих Мерц е откажана, објави Ројтерс.

Како причина се наведуваат технички проблеми во претседателскиот авион.

Гардијан забележува дека ќе биде интересно да се следи кого Трамп сега ќе им даде приоритет на средбите, со оглед на тоа што ќе помине помалку време во Давос од планираното.

Ќе наме средба на американскиот претседател со Емануел Мекрон. Претседатлеот на Франција го напушти давос пред пристигнувањето на Трамп. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата