Трамп одобри нови царини од дури 500 проценти за повеќе земји

8.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп одобри нови царини од дури 500 проценти за повеќе земји

Ова го објави американскиот сенатор Линдзи Греам, а најавениот закон ќе му овозможи на претседателот Трамп да ги казни купувачите на евтина руска нафта, за која Греам вели дека „ја напојува воената машинерија на Путин“.

Целта на мерката е да се намалат приходите од извоз на енергија на Русија и да се одвратат земји како Кина, Индија и Бразил од заобиколување на санкциите на САД, објавува Фокс њуз.

Греам додаде дека гласањето за законот би можело да се одржи уште следната недела и дека очекува силна поддршка и од републиканците и од демократите.

АП посочува дека планираното гласање за царините е тесно, но дека законот сè уште е предмет на промена и би можел да се соочи со отпор во Конгресот.

Веста за поддршката на Трамп за новиот закон доаѓа по ескалацијата на односите меѓу Вашингтон и Москва откако американските сили вчера го запленија нафтениот танкер Маринер под руско знаме поради кршење на санкциите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата