Тој додаде дека во нападот се убиени „многу ирански воени лидери кои биле лошо и неодговорно водени“.
Тврдењата на Трамп доаѓаат во време на интензивни напади врз ирански воени и политички цели, во кои веќе се убиени високи функционери, вклучувајќи го и врвот на воениот и безбедносниот апарат.
Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран дополнително ескалира, при што двете страни даваат спротивставени тврдења за обемот на штетата и бројот на смртни случаи во последните напади.

