Трамп: Ништо нема да го загрози примирјето меѓу Израел и Хамас

29.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Ништо нема да го загрози примирјето меѓу Израел и Хамас

Во разговор со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на пат од Јапонија кон Јужна Кореја, Трамп рече дека Израел има право да одговори на нападите.

Хамас „уби еден израелски војник“, рече Трамп. „Значи, Израелците возвратија удар. И треба да возвратат удар“, изјави американскиот претседател,

„Се договоривме со нив (Хамас) да се однесуваат добро и мора да се однесуваат добро. Ако не се однесуваат добро, ќе бидат елиминирани“, додаде Трамп.

Неговите коментари дојдоа еден ден по ескалацијата на ситуацијата во Газа, каде што Израел го обвини Хамас дека ги нападнал неговите војници на југот од територијата, при што загинал еден припадник ан ИДФ. Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили потоа нападнале неколку цели на Хамас како одговор.

Агенцијата за цивилна одбрана, управувана од Хамас, соопшти дека неколку лица се убиени во израелските напади. Групата негираше одговорност за нападот врз израелските трупи. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, потсетува германската агенција.

Откако прекинот на огнот стапи на сила на 10 октомври, смртоносните инциденти продолжија. Здравствениот орган во Газа, предводен од Хамас, изјави пред последните ноќни напади дека се убиени повеќе од 90 Палестинци.

Пред околу една недела, двајца израелски војници беа убиени во напад со ракетни гранати. Израел, исто така, го обвини Хамас за одложување на предавањето на телата на заложниците, потсетува ДПА.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата