Трамп: Нема да ги укинам царините за Кина за да го доведам Пекинг на преговарачка маса

5.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Нема да ги укинам царините за Кина за да го доведам Пекинг на преговарачка маса

„Денеска рекоа дека сакаат да разговараат. Видете, Кина, и на мене не ми се допаѓа ова. Не сум среќен поради ова. Кина е целосно уништена. Нивните фабрики се затвораат. Нивната невработеност вртоглаво расте. Не сакам да ѝ го правам тоа на Кина сега. Во исто време, не сакам Кина да заработува стотици милијарди долари и да гради повеќе бродови, повеќе воени тенкови и повеќе авиони“, рече Трамп.

Тој навести дека може да ги намали царините за кинеските стоки во иднина, признавајќи дека сегашните стапки ја доведоа трговијата меѓу САД и Кина речиси до застој.

„Во еден момент ќе ги намалам бидејќи во спротивно никогаш не би можеле да соработуваме со нив, а тие навистина сакаат да соработуваат. Нивната економија е во колапс“, рече Трамп во телевизиско интервју за ЕнБиСи њуз. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата