„Навистина мислам дека ќе стигнам таму. Не сум совршен кандидат, но направив многу добро за совршени луѓе“, рече Трамп за време на говорот на Молитвениот појадок во хотелот „Вашингтон Хилтон“, објави Си-Ен-Ен.
На настанот, на кој присуствуваат неколку членови на Претставничкиот дом и Сенатот, Трамп рече дека „се шегува“ за својот „пат до рајот“.
Тој тврдеше дека често избира да биде „саркастичен“ во комуникацијата со медиумите, велејќи дека се обидува да се потсмева на начинот на кој се известува за неговите изјави.
Трамп го нарече републиканскиот претставник Томас Маси од Кентаки, кој се спротивставува на некои од клучните законски предлози на Трамп, „кретен“ и рече дека Маси ќе гласа против речиси секој закон што ќе дојде пред Претставничкиот дом.
„Тој автоматски вели „не“ без разлика што. Нешто не е во ред со него“, верува Трамп.
Прославата на Молитвениот појадок за прв пат се одржа во 1953 година, а претходно вклучуваше и појадок и посебен настан во Конгресот, додека оваа година се слави заедно со членовите на Сенатот за да се продолжи „традицијата на обединета молитва“.

