Американскиот лидер ги наведе проблемите со криминалот во Бостон како пример.
- Ги сакам луѓето од Бостон. Знам дека натпреварите се распродадени, но имате лош градоначалник. Ако некој работи лошо и мислам дека условите се небезбедни, ќе го повикам Џани Инфантино, шефот на ФИФА, кој е феноменален човек, и ќе му кажам: „Ајде да го преместиме ова на друго место“. И тоа е она што тој ќе го направи“, рече Трамп во Белата куќа.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година.