„Многу земји, особено оние погодени од обидот на Иран да го затвори Ормускиот Теснец, ќе испратат воени бродови заедно со САД за да го одржат теснецот отворен и безбеден“, напиша Трамп во објава на неговата платформа Truth Social.
Американскиот претседател рече дека се надева оти Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија и други земји ќе испратат бродови таму.
Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар за тоа кои земји се согласиле да ги испратат бродовите.

