Трамп ќе потпише указ за намалување на цените на лековите во САД

12.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ќе потпише указ за намалување на цените на лековите во САД

Во објава на социјалната мрежа „Трут Соушал“, Трамп изјави дека ќе потпише указ за спроведување на таканареченото „ценообразување на најповластената нација“ или меѓународно референтно ценообразување.

Според американски медиуми, САД плаќаат највисоки цени за многу лекови на рецепт – често речиси трипати повеќе од другите развиени земји. Трамп рече дека сака да ја елиминира оваа разлика, но не прецизираше како точно тоа ќе се постигне.

„Првпат по многу години, ќе воведеме ПРАВДА ВО АМЕРИКА!“, истакна Трамп во својата објава. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата