Трамп ќе бара од сите странци петгодишна историја на социјалните мрежи пред да влезат во САД

10.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ќе бара од сите странци петгодишна историја на социјалните мрежи пред да влезат во САД

  Според известување објавено во федералниот регистар, податоците би биле задолжителни за оние кои првпат влегуваат во САД, без оглед на тоа дали доаѓаат од земји на кои им се потребни визи.

 Би-Би-Си пишува дека овој драстичен потег е најнов обид на Трамп да воспостави контрола кој влегува во земјата, откако минатата недела објави замрзнување на имиграцијата од 19 земји.

 САД очекуваат голем прилив на странски туристи следната година, како домаќини на Светското првенство во фудбал заедно со Канада и Мексико, како и на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата