Трамп ја отфрли можноста да употреби сила за да го преземе Гренланд

21.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ја отфрли можноста да употреби сила за да го преземе Гренланд

 Тој се пожали дека САД најмногу вложиле а ништо не добиле од НАТО, затоа за возврат го бараат клучниот стратешки остров, кој според Трамп може да биде заштитен единствено од Америка.

-Луѓето мислеа ќе користам сила. Нема потреба да користам сила, не сакам и нема да користам сила. Се што САД бара е место наречено Гренланд, кое веќе го имавме но и го вративме на Данска. Според моето мислење, ние плаќавме 100% од НАТО затоа што тие не си ги плаќаа сметките. Се што бараме е да го добиеме Гренланд со право на сопственост зошто тоа ви треба за да може да го браните, не можете да го браните ако е под закуп. Тие имаат избор – можете да кажете „да„ и ќе ви бидеме многу благодарни,  или може да кажете „не„ и ние тоа ќе го запаметиме. - Доналд Трамп, претседател на САД

Пред долгоочекуваниот говор на Трамп, во Давос генералниот секретар на НАТО Марк Руте се обиде да ја смири тензичната атмосфера околу овој раскол во НАТО – тој го пофали Трамп за неговото лидерство во рамки на Алијансата и рече дека заедничката цел на НАТО и САД е одбрана на Арктикот од Русија и Кина.

-Кога е во прашање Арктикот, мислам дека претседателот Трамп е во право како и останатите НАТО лидери. Треба да го браниме Арктикот, знаеме дека морските патишта се отвораат, знаеме дека Кина и Русија имаат зголемена активност во Арктикот. Моментално не сум многу популарен среде вас бидејќи го бранам Доналд Трамп, но навистина верувам дека може да бидете среќни што е тука, бидејќи ја натера Европа да направи исчекор, да се соочи со последиците дека мораме повеќе да се погрижиме за сопствената безбедност.- Марк Руте, генерален секретар на НАТО

Утре во Брисел се очекуваат лидерите на земјите членки на ЕУ на итниот состанок на кој Унијата треба да истапи со консолидиран одговор на барањата на Трамп но и на заканите за американски тарифи за сите европски земји кои ќе застанат на патот на целосно американско сопствеништво врз Гренланд. Во пресрет на состанокот, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, предупреди дека Унијата е подготвена да се одбрани од принуди.

-Обединети сме во целосна поддршка и солидарност со Кралството Данска и Гренланд. Само тие, Данска и Гренланд, може да одлучуваат за својата иднина. Подготвени сме да се одбраниме себеси, нашите земји-членки, нашите граѓани и компании од каква било форма на принуда.- Антонио Кошта, претседател на Европски совет

Трамп во својот говор остана дециден дека островот на кој тој планира да гради противракетен систем Златна Купола, е исклучително потребен за националната безбедност на САД а со тоа и на целокупната северноатлантска алијанса.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата