Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја одобри смртната казна за Нидал Малик Хасан, осуден за масовното убиство во воената база „Форт худ“ во Тексас во 2009 година кога загинаа 13 лица, соопшти портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, на социјалната мрежа „Икс“..
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет „препорача, а претседателот Доналд Трамп одобри осудениот терорист, Хасан, да биде погубен од стрелачки одред на американската армија, соопшти Парнел.
Датумот и местото на егзекуцијата ќе бидат одредени подоцна, додава тој.. Хасан, кој е роден во САД и има палестинско потекло во 2009-та година пукаше кон војници во медицински центар во базата „Форт худ“, со намера да ги спречи да учествуваат во, како што ги сметал, „незаконските“ војни во Авганистан и Ирак.. Сметан за „осамен волк“ на Ал Каеда, тој притоа уби 13 лица, меѓу кои 12 војници, и рани десетици други.

