Трамп: Иран веќе прифати голем број услови од примирјето во 15 точки

8.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Иран веќе прифати голем број услови од примирјето во 15 точки

- САД блиски ќе соработуваат со Иран, за кој утврдивме дека помина низ она што ќе биде многу продуктивна промена на режимот! Нема да има збогатување на ураниум, а САД во соработка со Иран ќе ја ископаат и отстранат целата длабоко закопана нуклеарна прашина - објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“.

Тој во друга објава најави зголемени царини за 50 проценти за секоја држава која го снабдува Иран со оружје.

- Држава која ќе го снабдува Иран со оружје веднаш ќе се соочи со царина од 50 проценти на сите стоки што ги продава во САД, со моментален ефект. Нема да има исклучоци ниту ослободување!, истакна Трамп.

Во меѓувреме израелската телевизија Канал 12 го објави планот на САД, кој пред две недели му беше предаден на Иран преку Пакистан. Телевизијата повикувајќи се на три неименувани извори, наведе дека планот наликува на тој што САД го применуваат во Појасот Газа и во Либан.

Планот на САД за Иран е:

1. Иран да ги демонтира своите нуклеарни капацитети;

2. Иран да се обврзе да не развива нуклеарно оружје;

3. Иран дополнително да не збогатува нуклеарен материјал;

4. Целиот збогатен материјал да биде предаден според распоред утврден од САД, Израел и Иран;

5. Нуклеарните објекти во Натанц, Исфахан и Фордо да се затворат;

6. Меѓународната агенција за атомска енергија да има  пристап до сите информации за иранската програма;

7. Иран да се откаже од моделот на дејствување преку прокси групи;

8. Иран да престане да финансира и вооружува прокси групи во регионот;

9. Ормуска Теснина да остане отворена како слободна поморска зона;

10. Иран да го ограничи бројот и дострелот на своите ракети;

11. Понатамошната употреба на ракети би била дозволена исклучиво за самоодбрана;

12. Сите санкции против Иран би биле укинати;

13. Иран би добил помош во развојот на цивилна нуклеарна програма во нуклеарната централа Бушер;

14. Би била укината заканата за повторно воведување на санкциите;

15. САД и Израел би му помогнале на Иран да развие цивилна нуклеарна програма во Бушер за производство на електрична енергија. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата