Трамп: Иран финансиски пропаѓа поради затворање на Ормутскиот теснец

22.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Иран финансиски пропаѓа поради затворање на Ормутскиот теснец

„Иран финансиски колабира! Тие сакаат Ормутскиот теснец веднаш да се отвори - гладни се за пари! Губат 500 милиони долари дневно. Војската и полицијата се жалат дека не добиваат плата. СОС“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп претходно објави дека Техеран изјавил дека го поддржува затворањето на теснецот за да „го спаси образот“ под американската блокада на иранските пристаништа.

Тој, исто така, најави дека ќе го продолжи прекинот на огнот со Иран сè додека лидерите на земјата не излезат со унифициран предлог и додека не се завршат преговорите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата