Трамп и Нетанјаху со заеднички став против извозот на иранска нафта во Кина

15.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп и Нетанјаху со заеднички став против извозот на иранска нафта во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот во Белата куќа се согласија дека САД ќе работат на намалување на извозот на иранска нафта во Кина, објави „Аксиос“, повикувајќи се на двајца американски функционери запознаени со ова прашање.

„Се согласивме да извршиме максимален притисок врз Иран со полна сила, на пример, врз продажбата на иранска нафта на Кина“, објави вчера „Аксиос“, повикувајќи се на висок американски функционер.

Запрашан за извештајот, Министерството за надворешни работи на Кина денес изјави дека „нормалната соработка меѓу земјите што се спроведува во рамките на меѓународното право е разумна и легитимна и треба да се почитува и заштитува“.

Кина учествува со повеќе од 80 проценти во извозот на нафта на Иран. Секое намалување на таа трговија би значело пониски приходи од нафта за Иран.

Американските и иранските дипломати минатата недела, со посредство на Оман, разговараа за нуклеарната програма на Иран во обид да ја оживеат дипломатијата откако американскиот претседател распореди поморска флотила во регионот, додека американската војска се подготвува за можноста за одржливи, недели долги операции против Иран.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата