Трамп го прекрши „златното правило“: Агенти на ЦИА гневни по откривањето на тајна операција во Венецуела

31.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го прекрши „златното правило“: Агенти на ЦИА гневни по откривањето на тајна операција во Венецуела

Неодамнешниот напад на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) врз пристаниште во Венецуела претставува прва позната операција во таа земја откако претседателот Доналд Трамп ја овласти агенцијата за тајно дејствување против владата на Николас Мадуро и трговците со дрога.

Како што објави Волстрит џурнал, токму Трамп донел одлука овој напад да не остане тајна.

Трамп првпат ја спомена операцијата на 26 декември, откривајќи дека САД уништиле „големо постројка од каде доаѓаат бродовите“. Иако подоцна на новинарски прашања за тоа кој е одговорен одговори со „не сакам да кажам“, американски официјални лица потврдија дека нападот го извршила ЦИА. Експертите сметаат дека Трамп ги користи овие информации за да изврши директен психолошки притисок врз Мадуро, особено по молкот од венецуелска страна по нападот.

Овој потег наиде на остра осуда кај демократите. Сенаторот Крис Марфи изјави дека „незаконитоста на лудата војна на Трамп излезе од контрола“, нагласувајќи дека Венецуела произведува кокаин за Европа, а не за Америка. Подготвеноста на Трамп да ги открива активностите на ЦИА е во спротивност со децениската практика на американските претседатели кои ретко ги споменуваат тајните операции за да избегнат правни и дипломатски компликации.

Поранешни високи оперативци на ЦИА, како Марк Полимеропулос, изразија „универзално вџашување“ од одлуката на претседателот. Тие нагласуваат дека целта на тајните акции е токму можноста за „јавно негирање“ (deniability) додека истовремено се праќа порака до противникот.

Трамп претходно изјави дека ги овластил овие акции бидејќи Каракас ги „испразнил своите затвори“ и испраќал дрога во САД, наводи кои Венецуела ги отфрла. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата