Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

3.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец !

Американските сили извршија жестоки воздушни напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот теснец – и сето тоа среде вжештена политичка атмосфера и избори во Соединетите Американски Држави!

Според официјални извори, овој напад врз најголемиот остров во Персискиот Залив – инаку главното упориште на иранските ракетни фрлачи – претставува директен одговор на провокацијата и нападот на иранската Револуционерна гарда врз американски авион.

Додека иранската државна агенција известува за серија моќни експлозии што синоќа го потресоа островот, првиот човек на Белата куќа, Доналд Трамп, во свој стил .

„Финансиски ги осакативме, немаат ни пари ни гориво, а нивниот народ станува сè поуморен!“ – изјави Трамп, порачувајќи дека Белата куќа воопшто не брза, туку дека сите конци ги држи во свои раце.

Сепак, она што им падна во очи на сите беше неговата скандалозна изјава во пресрет на конгресните избори, во момент кога тој се соочува со пад на поддршката и притисок да го стави крај на крвавиот конфликт што трае уште од февруари. Трамп ладнокрвно изјави дека САД „можеби ќе треба да одат на планината Пајк“ (локација поврзана со иранската нуклеарна програма), додавајќи дека тоа „не е ништо страшно“ и дека може да се изведе за – само еден час!

Од друга страна, од Техеран пристигнуваат остри пораки. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вели дека дипломатските разговори се во тек, но дека Иран е подготвен повеќе од кога било и за војна и за преговори, оставајќи ѝ на Америка да избере помеѓу „мудар пат“ и воена агресија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата