Телефонски разговор Лавров-Рубио за преговорите во Истанбул

17.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Телефонски разговор Лавров-Рубио за преговорите во Истанбул

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека телефонскиот разговор меѓу Сергеј Лавров и Марко Рубио се одржал на иницијатива на американската страна.

- Шефовите на министерствата за надворешни работи разменија мислења за резултатите од руско-украинските преговори одржани претходниот ден во Истанбул, се наведува во соопштението на руското МНР.

Според Министерството, Рубио ги поздравил договорите за размена на воени заробеници, како и одлуката на двете страни да ги подготват своите визии за условите потребни за постигнување прекин на огнот. Тој исто така ја нагласил континуираната подготвеност на Вашингтон да ги поддржи напорите за решение.

- Сергеј Лавров ја призна позитивната улога на САД во помагањето да се обезбеди конечно прифаќање на предлогот на претседателот Владимир Путин од страна на Киев за продолжување на преговорите во Истанбул. Тој ја потврди подготвеноста на Москва да ја продолжи соработката со американските колеги во тој контекст, се наведува во соопштението.

За време на разговорот беа разгледани и неколку други меѓународни и регионални прашања, вклучително и можноста за понатамошни руско-американски контакти, соопшти Министерството. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата