Техеран предупреди дека ќе ги нападне американските бази во регионот, ако САД го нападнат Иран

14.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Техеран предупреди дека ќе ги нападне американските бази во регионот, ако САД го нападнат Иран

Неименуван ирански висок претставник истакна дека Техеран барал од државите во регионот да влијаат врз Вашингтон и да спречат евентуален напад врз Иран.

- Техеран им кажа на земјите во регионот, од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати како ако САД го нападнат Иран … барајќи од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран, истакна иранскиот дипломат.

САД на Блискиот Исток има воени бази во Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Израел и други земји.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата