Техеран објави кој смее да помине низ Ормутскиот Теснец, другите добија предупредување: Сигурно ќе бидат погодени

5.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Техеран објави кој смее да помине низ Ормутскиот Теснец, другите добија предупредување: Сигурно ќе бидат погодени

Иранската револуционерна гарда денеска објави дека Ормускиот теснец, еден од најважните водни патишта во светот, каде што сообраќајот е речиси целосно суспендиран од почетокот на војната, е затворен исклучиво за бродови од САД, Израел, Европа и други западни сојузници, објави CNN.

- Претходно рековме дека, врз основа на меѓународните закони и резолуции, во време на војна, Исламската Република Иран има право да го контролира преминот низ Ормускиот теснец - соопшти Исламската револуционерна гарда (IRGC), како што објави државната телевизија IRIB.

ИРГК предупреди дека доколку бродовите што им припаѓаат на САД, Израел, Европа „и нивните поддржувачи... бидат забележани, тие сигурно ќе бидат погодени“, пишува CNN.

Теснецот е практично затворен откако САД и Израел започнаа заедничка операција против Техеран во саботата, што доведе до нагло зголемување на цените на нафтата и се закани да ја потресе глобалната економија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата