Техеран ги предупреди САД дека ако се вмешаат во протестите ќе предизвикаат хаос во регионот

2.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Техеран ги предупреди САД дека ако се вмешаат во протестите ќе предизвикаат хаос во регионот

Неговата изјава уследи откако американскиот претседателот Доналд Трамп наведе  дека ако Иран продолжи да „пука“ и „убива“ демонстранти, САД „ќе одат да ги спасат“. Тој на .сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави „Подготвени сме да дејствуваме“.

- Трамп треба да знае дека мешањето на САД во внатрешно прашање ќе доведе до хаос низ целиот регион и уништување на американските интереси. Американците треба да знаат дека Трамп започна со авантуризам, објави на платформата Икс Лариџани, кој е секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

Тој наведе дека САД и Израел ги поттикнуваат демонстрациите во Иран.

Демонстрантите на 31 декември добија поддршка од израелската разузнавачка служба Мосад.

- Излезете заедно на улиците. Дојде време. Ние сме со вас. Не само од далечина или преку зборови. Ние сме со вас на терен, објави Мосад на платформата Икс.

И советникот на Хамнеи, Али Шамхани предупреди дека „секоја рака која ќе посегне премногу длабоко во безбедноста на Иран ќе биде отсечена“.

- Иранскиот народ добро го знае искуството да биде „спасен“ од Американците: од Ирак и Авганистан до Газа, објави Шамхани на Икс.

Протестите почнаа на 28 декември во Техеран, кога трговците го изразија својот револт поради рекордно високата девалвација на домашната валута риалот во однос на американскиот долар и растечката инфлација. Еден американски долар се менува за околу 1,4 милиони риали. Демонстрациите набрзо прераснаа во антивладини протести, во кои загинаа најмалку седум луѓе.

Протестите во Техеран вчера се проширија и во внатрешноста на земјата.

Тоа се најмасовни протести во Иран од 2022 година по смртта на 22-годишната Иранка со курдско потекло, Махса Амини. Таа беше уапсена во 2022 година од така наречената Иранската морална полиција за наводно кршење на законот за задолжително носење шамија, а почина во притвор три дена подоцна.

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан вети економски реформи и изрази подготвеност на дијалог, но демонстрантите го игнорира. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата