Танкер запленет од Франција ги напушти француските територијални води откако плати казна

16.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Танкер запленет од Франција ги напушти француските територијални води откако плати казна

Танкерот „Дејна“, што пловеше под знаме на Мозамбик беше запленет на 20 март од француската морнарица со помош на британските сојузници.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон тогаш изјави дека запленетиот танкер припаѓа на руската флота во сенка – мрежа од бродови што ѝ овозможува на Москва да извезува нафта и покрај западните санкции.

Казната е изречена поради „недостиг на доказ за сопственост на бродот“. Француските власти не ја соопштија висината на казната.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата