Во објава на платформата Икс, Тајани наведе дека исто така побарал од Израел „веднаш да ги отвори сите гранични премини за да се овозможи влез на хуманитарна помош“, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
„Сакаме прекин на огнот и ослободување на заложниците: војната во Газа мора да заврши. Италијанската Влада продолжува да ги следи цивилите погодени од војната. Нова група од 52 палестински граѓани од окупираниот Појас Газа е префрлена во Јордан. Тие се роднини на Палестинци кои веќе пристигнале во Италија за време на претходните медицински евакуации од окупираната палестинска енклава. Тие наскоро ќе пристигнат во Италија со редовни летови“, напиша Тајани.