Гебрејесус предупреди на платформата „X“ дека ваквите напади би можеле да предизвикаат нуклеарна катастрофа со здравствени последици што би „уништиле генерации“.
„Со секој ден што овој конфликт ескалира, влоговите и заканите стануваат сè поголеми“, рече Тедрос.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека ракета паднала во близина на нуклеарната централа Бушер вчера, при што загинал еден вработен.
Бушер е единствената оперативна нуклеарна централа во Иран.

