Суперлуксузен бункер, каде ќе се крие елитата- билетот чини 20 милиони долари (ФОТО)

23.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Суперлуксузен бункер, каде ќе се крие елитата- билетот чини 20 милиони долари (ФОТО)

Луксузот е на секој чекор во овој супер бункер, кој покрај базен и куглана ќе има и здравствен центар поддржан од вештачка интелигенција, објави Дејли Меил.

Американската компанија SAFE најави дека во Вирџинија, недалеку од Вашингтон, ќе се гради суперлуксузен бункер вреден 300 милиони долари. Подземниот бункер наречен „Aerie“ ќе им понуди на клиентите шанса да го преживеат судниот ден. Билетот за влез во овој бункер ќе чини 20 милиони долари.

Иако се наоѓа во близина на Белата куќа во Вашингтон, директорите на новото засолниште инсистираат дека локацијата на објектот е само „случајност“ и нема никаква врска со глобалните тензии и стравувањата од можна Трета светска војна.

Оваа подземна тврдина е само едно од бројните слични скривалишта кои се изградени за ултрабогатите во последните години, а меѓу оние кои признале дека граделе свои или аплицирале за место во едно од овие луксузни безбедносни дувла се и Ким Кардашијан, Марк Закерберг и Том Круз.

Клиентите кои се подготвени да ја платат високата цена не само што ќе имаат пристап до бункерот во случај да дојде судниот ден, туку и ќе можат да влезат во нивните „капсули“ секогаш кога ќе почувствуваат дека нивната „безбедноста е загрозена“.

Покрај душеците од мемориска пена и мермерните подови, Aerie на гостите ќе им обезбеди низа неспоредливи погодности, вклучувајќи медицинска нега со ВИ, бројни велнес програми и совршен спој на заштита и луксуз.

Скривалиштето ќе има и луксузни ресторани, затворен базен, центри за ладни бањи, простории за различни терапии и третмани, куглана и ѕид за качување.

Компанијата зад новата структура е SAFE (Strategically Armored & Fortified Environments), фирма со седиште во Вирџинија, специјализирана е за дизајн на безбедни објекти. Како и повеќето бункери, и овој ќе биде изграден под земја, освен пентхаусот на покривот и клубот за членови.

Сепак, славните и тајкуните нема да бидат лишени од омилените погледи, бидејќи благодарение на „интерактивните ѕидови и тавани“ ќе можат да се замислат насекаде во светот. По завршувањето на изградбата се планирани четири нивоа на членство. Најниското ниво ќе им биде достапно на „умерено успешните извршни директори на глобалните компании“, додека премиум нивото ќе биде достапно само за оние кои го заслужуваат и со покана.

Покрај бункерот во Вирџинија, компанијата планира да ја прошири својата мрежа на луксузни безбедносни засолништа и во други делови на САД.

„Тоа е случајност, но Вирџинија е најбогатата држава по глава на жител. Тоа е поентата за најдобрата демографија за вакво нешто во светот. Ова скривалиште ќе го трансформира висококвалитетниот безбедносен простор“, рече Ал Корби, основач и претседател на SAFE.

Корби рече дека одлуката за изградба на луксузното скривалиште е инспирирано од бруталната смрт на еден од неговите клиенти, кој потрошил 10 милиони долари на сопствен безбедносен систем, за да биде убиен кога напаѓачот отворил оган на концертот на кој присуствувал.

„Замислете дека сте еден од најбогатите и најмоќните луѓе на светот, а потоа ќе се случи нешто незамисливо и ќе станете обичен човек, без каде да одите во тој момент.“

Овој суперлуксузен бункер на клиентите ќе им биде достапен од 2026 година.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата