Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

14.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница.

Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта.

По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници.

Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени.

„Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“.

Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај.

Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот.

„Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата