Страшна железничка несреќа во Египет: Најмалку четворица загинати и стотина повредени (ВИДЕО)

8.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страшна железничка несреќа во Египет: Најмалку четворица загинати и стотина повредени (ВИДЕО)

Најмалку 120 лица беа повредени денеска кога четири вагони од патнички воз излетаа од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза откако се судрија со друг воз, недалеку од Каиро, објавија локалните медиуми.

Несреќата се случила во областа Ал Ајат, по што на местото на инцидентот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави Галф њуз.

Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените.

Машиновозачот загинал во несреќата, објави Ал Арабија.

Министерството за здравство првично испратило 20 амбулантни возила на местото на несреќата, но нивниот број бил зголемен на 50 откако станало јасно дека бројот на повредени е поголем од првично проценетиот.

Некои медиуми во Египет објавија дека бројот на повредени надминал 150.

Екипи за цивилна одбрана, безбедносни сили и амбулантни возила се упатиле кон местото на несреќата, додека крановите биле распоредени за отстранување на излетаните вагони од шините и расчистување на шините.

Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да спроведе потребни проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници.

Околностите на несреќата сè уште се утврдуваат, а железничкиот сообраќај во регионот останува нарушен.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата