Стармер: Потпишувањето на мировниот план за Појасот Газа е историски ден

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стармер: Потпишувањето на мировниот план за Појасот Газа е историски ден

Стармер, кој присуствуваше на потпишувањето на примирјето во египетското летувалиште Шарм ел Шејк, најави дека Велика Британија ќе има клучна улога во набљудувањето, зачувувањето на примирјето и реформирање на структурите на Хамас и предавањето на оружјето.

- Значи, денеска прашањето сега се префрла на тоа како да го спроведуваме договорот и како сега се осигураме дека ќе се спроведе. Многу е важно да се фокусираме на тоа. Сега не смееме да правиме никакви грешки, наведе Стармер.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата