„Стармер на почетокот од разговорот рече дека е почестен што е дел од настаните по повод Денот на победата, вклучувајќи ги и комеморативните настани што се одржаа вчера“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.
Кога станува збор за ситуацијата во Украина, лидерите разговараа за потребата Русија да се согласи на 30-дневен прекин на огнот со цел да се овозможат значајни мировни преговори.
Британскиот премиер истакна дека Украина покажала подготвеност да седне на преговарачка маса и дека е страна која се стреми кон мир.
Тие се осврнаа и на претстојниот самит Велика Британија-Франција, кој ќе се одржи подоцна оваа година, и се согласија дека е потребно да се зголеми соработката во сите области, вклучувајќи ја одбраната и безбедноста и прашањето за нелегалната миграција.
Двајцата лидери нагласија дека треба да се направи повеќе за да се прекинат нелегалните миграциски правци. Тие, исто така, разговараа за важноста на успешниот самит ЕУ-Велика Британија, кој ќе се одржи за две недели.
Во врска со ситуацијата во Газа, лидерите изразија длабока загриженост поради неодамнешните случувања и се согласија дека треба да се започне обновен мировен процес. Лидерите се согласија наскоро повторно да разговараат.