Срамнета е со земја зградата во која се избирал новиот лидер на Иран (ВИДЕО)

3.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Срамнета е со земја зградата во која се избирал новиот лидер на Иран (ВИДЕО)

Висок израелски функционер потврди за Фокс њуз дека зградата била погодена додека претставниците се собирале за да изберат нов врховен лидер. „Израел нападна додека броеја гласови за да го назначат врховниот лидер“, изјави тој за Фокс њуз.

Што е Советот?

Такнаречениот „Совет на експерти“, кој има згради во Техеран и градот Ком јужно од главниот град, се состои од 88 члена кои учествуваат во одлучувањето кој ќе ја преземе функцијата по атентатот врз сегашниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи. Тој беше убиен во сабота наутро, на самиот почеток на американско-израелските напади врз Иран.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата