СПД ги претстави своите седум министри во новата германска Влада, Писториус останува министер

5.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СПД ги претстави своите седум министри во новата германска Влада, Писториус останува министер

Министерот за одбрана Борис Писториус ќе остане на функцијата, Бербел Бас ќе го преземе Министерството за труд, а Карстен Шнајдер Министерството за заштита на животната средина и нуклеарна безбедност.

Како што пренесува „Шпигел“, ко-лидерот на СПД Ларс Клингбајл (47) ќе стане вицеканцелар и федерален министер за финансии, Верена Хуберц (37) ќе биде федерална министерка за домување, урбан развој и градежништво, а Штефани Хубиг (65) федерална министерка за правда и заштита на потрошувачите.

Елизабет Кајзер (38) ќе биде државна министерка и комесарка на федералната влада за миграции, бегалци и интеграција, Натали Павлик (32) државна министерка и комесарка на федералната влада за Источна Германија, а Рим Алабали-Радован (35) федерална министерка за економска соработка и развој. Ко-лидерката на СПД Саскија Ескен не беше разгледувана за министерска функција, а се смета дека веројатно нема да остане на чело на партијата.

СПД минатата недела со Демохристијанската унија (ЦДУ) и Христијанската социјална унија (ЦСУ) склучи договор за коалициона влада, откако ЦДУ и ЦСУ дадоа согласност на документот под наслов „Одговорност за Германија“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата