Советник на Путин негира дека во Абу Даби се воделе американско-руски разговори за нацрт-мировниот план

26.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Советник на Путин негира дека во Абу Даби се воделе американско-руски разговори за нацрт-мировниот план

- Мировниот план не беше дискутиран во Абу Даби, рече Јуриј Ушаков, според извадок од интервјуто објавен денеска на Телеграм каналот на Павел Сарубин, дописник на државната телевизија во Кремљ.

Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека новиот мировен предлог, кој беше претставен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела, сè уште не е детално разговаран со Русија.

Неколку медиуми вчера јавија дека претставници на американската влада се сретнале со руска делегација во Абу Даби.

Меѓутоа, според Ушаков, претставници на руските и украинските тајни служби редовно се среќаваат во Обединетите Арапски Емирати за да разговараат за прашања како што е размената на затвореници.

Овој пат, „новиот американски претставник“ бил во Абу Даби и „сосема неочекувано“ разговарал со Русите таму, тврди Ушаков.

Според ДПА, тој најверојатно мислел на шефот на Пентагон Даниел Дрискол, кој е клучна фигура во преговорите и ги претстави деталите од американскиот предлог во Киев минатата недела. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата