Сопругата добила 640 милиони долари отштета по смртта на сопругот- врз него паднал клима уред

14.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопругата добила 640 милиони долари отштета по смртта на сопругот- врз него паднал клима уред

Дејвид Лори (56) починал кога огромен клима уред се лизна од кран и паднал врз него од висина од 3 метри на 22 септември 2021 година во 13:59 часот.

Таткото на две деца работел на зградата за канцеларија и библиотека на Универзитетот Тексас А&М во Сан Антонио за подизведувачот „Веј Инженеринг“, објави „Дејлимејл“.

Неговото семејство ги тужеше „ТНТ Кранс енд Ригинг“, како и главниот изведувач „Бирн Констракшн Сервисиз“ и две други фирми, тврдејќи дека небрежното однесување на работното место довела до неговата смрт.

„Смртта на Дејвид Лори не беше моментална. Тој искрварил до смрт додека неговите колеги го гледале како полека умира“, се наведува во тужбата.

„Дејвид Лори страдаше речиси еден час, во агонија што не може да се опише, пред да умре на пат кон болница во 14:47 часот.“

Поротата во Окружниот суд на округот Харис во Хјустон пресуди во корист на семејството на Лори по тринеделно судење, доделувајќи 160 милиони долари отштета. Еден ден подоцна, поротата додели дополнителни 480 милиони долари казнена отштета, по само еден час размислување.

Сопругата на Лори, Милена (61), се расплака кога беше објавена сумата, ја спушти главата на масата и го зграби адвокатот за рака. Нивните синови Коди (34) и Закари Лори (37), кои седеа зад неа, останаа смирени. Мајката на Лори, Мери (78), присуствуваше на судењето, но не и на изрекувањето на пресудата. Милена, Коди, Закари и Мери ќе добијат приближно еднаков дел од надоместокот.

Од вкупната сума, „ТНТ Крејн“ ќе плати 68 проценти, подизведувачот „Веј Механикал“ 27 проценти, а преостанатите компании заедно 5 проценти.

Тони Базби, главниот адвокат на семејството, изјави дека за време на судењето, ТНТ Крејн се обидел да го обвини Лори за сопствената смрт, одбил да ја преземе одговорноста и понудил само 6,9 милиони долари како спогодба.

„Пораката на поротата беше јасна: никој не е над одговорноста кога станува збор за човечкиот живот.“

Ужасна смрт

Лори и неговите колеги преместувале три клима уреди, срцето на централниот систем за климатизација што тежи неколку тони, на третиот кат од недовршена зграда кога се случила трагедијата.

Првата единица била успешно преместена, но втората „падна“ додека се креваше на третиот кат.

„Втората единица беше поставена на земја и крената во машинската просторија“, се вели во извештајот, цитирајќи сведоштва од други работници.

„Додека двете безбедносни јажиња сè уште беа прикачени, наводно налетот на ветер ја кренал единицата и таа паднала, згмечувајќи го работникот.“

На Лори му беа делумно отсечени раката и ногата, заедно со ужасни повреди од кршење, и беше прогласен за мртов во 14:47 часот.

Милена Лори, во својот проштален говор до својот сопруг, напиша дека „знаела дека секогаш може да смета на него. Без разлика дали станува збор за неговата физичка сила, бестрашно срце, сигурност или простлива природа како семеен човек“.

„Тој беше пријател на сите, некој на кого секогаш можеше да се потпреш кога најмногу ти требаше“, рече таа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата