Сојузната партија за солидарност и развој освои најголем број гласови во првиот круг од парламентарнит избори во Мјанмар

29.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сојузната партија за солидарност и развој освои најголем број гласови во првиот круг од парламентарнит избори во Мјанмар

- Освоивме 82 места во Долниот дом на Парламентот во сите 102 изборни единици каде што е завршено броењето на гласовите. Партијата се појави како водечка политичка сила во осумте изборни единици на главниот град Најпидо, изјави претставник на УСДП.

Изборната комисија на Мјанмар сè уште не ги објави резултатите од првиот круг од изборите, организирани вчера само во дел од сите изборни единици во земјата. Се очекува следните два круга да се одржат на 11 и 25 јануари.

Првиот круг од изборите, најголем од трите, требаше да се одржи во 102 од 330 изборни единици во земјата, од кои многу се контролирани од бунтовнички групи. Армијата призна дека изборите не можат да се одржат во речиси една петтина од изборните единици.

Откако хунтата со државен удар ја презеде власта во 2021 година, парламентарните избори ги претстави како враќање кон демократијата.

Голем број аналитичари ја опишуваат УСДП како продолжение на мирнодопското владеење на армијата, со поранешни офицери кои заземаат клучни лидерски позиции.

Името на партијата на Аунг Сан Су Чи, која ја победи воената партија на последните избори во 2020 година, не беше присутно на гласачките ливчиња. Аунг, добитничката на Нобелова награда за мир, е во затвор од почетокот на воениот удар што предизвика граѓанската војна во Мјанмар.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата