Со торпедо е погодена иранска фрегата- 80 загинати, снимен е моментот на ударот (ВИДЕО)

4.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со торпедо е погодена иранска фрегата- 80 загинати, снимен е моментот на ударот (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес на прес-конференција изјави дека американска подморница потопила ирански воен брод „кој мислел дека е безбеден во меѓународни води“.

Хегсет рече дека бродот бил „потопен од торпедо“. „Ова е прво потонување на непријателски брод со торпедо од Втората светска војна. Како и во таа војна... ние се бориме за победа“, рече Хегсет.

Потрагата по исчезнати лица е во тек

Нападот врз иранската фрегата се случи вчера крај брегот на јужниот шриланкански град Гале, веднаш надвор од територијалните води на островската нација.

Заменик-министерот за надворешни работи на Шри Ланка изјави за локалната телевизија дека најмалку 80 лица се убиени во нападот во Индискиот Океан, објави Ројтерс.

Портпарол на морнарицата на Шри Ланка претходно изјави дека, според документацијата на бродот, на бродот имало околу 180 лица. Морнарицата на Шри Ланка, исто така, претходно потврди дека спасила 32 лица откако добила повик за помош од иранскиот воен брод „Ирис Дена“.

Доколку проценките на заменик-министерот и морнарицата се точни, околу 68 лица сè уште се водат како исчезнати.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата