Скокнал во морето за да спаси две деца, па самиот се удавил

26.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скокнал во морето за да спаси две деца, па самиот се удавил

Трагедијата се случила вчера околу 16 часот додека човекот се шетал покрај морето, објави Би-Би-Си.

„Еден човек скокна во морето за да спаси деца кои беа во неволја и беа вклучени во несреќа. Нашите мисли се со неговото семејство во овие тажни моменти“, изјави портпаролот на полицијата.

Лекарите на лице место се обиделе да го реанимираат, но не можеле да го спасат.

Портпаролот не сакал да открие дополнителни детали за тоа како се случила трагедијата, ниту за состојбата на спасените деца.

Властите ги предупредија луѓето да ја избегнуваат променадата покрај морето поради трагедијата, а локалното население му оддаде почит на удавениот човек на социјалните мрежи.

„Голема трагедија е што еден чин на херојство заврши толку трагично“, напишало едно лице.

Имаше и такви кои се прашуваа во каква состојба се спасените момчиња.

„Размислувам за тие деца и нивните семејства, тоа е многу трауматично искуство за нив“, напиша тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата