„Разговорот во моментов е во тек, претседателот Трамп разговара на телефон со украинскиот претседател Володимир Зеленски од Овалната соба“, напиша Скавино на платформата X.
За време на вчерашниот телефонски разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин двајцата претседатели се согласија Русија привремено да ги запре нападите врз украинските енергетски капацитети.
Путин изјави дека вооружувањето и мобилизацијата на Украина мора да се запре во контекст на американската идеја за привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, соопшти Кремљ.
Зеленски претходно денеска најави дека ќе разговара со Трамп и рече дека очекува да слушне повеќе за плановите на американскиот претседател за спроведување на прекинот на огнот.