Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Сириец планирал напад врз германски војници, според планот требало да убие што повеќе

13 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„27-годишниот осомничен подготвувал напад со мачета со намера да убие војници на Бундесверот во центарот на градот Хоф“, соопшти државното обвинителство во Минхен.

Во соопштението понатаму се наведува дека уапсениот Сириец планирал да ги нападне војниците за време на нивната пауза за ручек со намера „да убие што е можно повеќе војници“.

„Така, осомничениот, за кого се претпоставува дека е следбеник на радикалната исламистичка идеологија, сакал да шири страв и паника меѓу граѓаните“, се вели во соопштението.

Сириецот, за кого не се наведува кога и под кои околности пристигнал во Германија, бил уапсен вчера во околината на градот Хоф на северот на сојузната покраина Баварија.

На крајот на август во Солинген, Сириец нападна на градски фестивал, при што уби тројца и рани осум лица.

Овој напад предизвика нова дебата за односот на Германија кон нерегуларната миграција.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ