Сирени се огласија во воздухопловната база Инџирлик, во Турција, што ја користи НАТО

13.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сирени се огласија во воздухопловната база Инџирлик, во Турција, што ја користи НАТО

Агенцијата не го прецизираше времето на инцидентот и не беа објавени други детали.

Според други турски медиуми, сирените се огласија во Адана околу 3:25 часот утрово и траеја пет минути.

Американските сили се стационирани во воздухопловната база Инџирлик како дел од мисијата на НАТО.

Од почетокот на конфликтот во Блискиот Исток во турскиот воздушен простор се уништени две ракети. Конфликтот започна на 28 февруари со воздушни напади на САД и Израел врз Иран.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата