Силен земјотрес ја погоди Турција, луѓето во паника излегуваат на улиците (ВИДЕО)

27.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силен земјотрес ја погоди Турција, луѓето во паника излегуваат на улиците (ВИДЕО)

Силениот земјотрес го погоди регионот Баликешир во Турција, а потресите беа почувствувани во западните провинции, вклучувајќи ги Истанбул и Измир.

„Беше многу силен, ударот навистина се почувствува“, се вели во еден од коментарите на профилот на „EMSC“.

По големиот потрес следеа неколку последователни потреси со јачина од 3,8 и 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Близината на земјотресот до густо населените урбани центри како што се Истанбул, најголемиот град во Турција со повеќе од 15 милиони жители, и Измир, третиот по големина град во земјата, веднаш предизвика загриженост за можни жртви и материјална штета.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата