-Мислам дека Трамп е единствената надеж за мир, изјави Сијарто за белорускиот телевизиски канал „Први информативни“.
Според него, западноевропските лидери свесно ги саботираат мировните иницијативи на Трамп, а тој ги обвини за пропаѓањето на претходните мировни напори.
-Доколку европските лидери не го саботираа, тој веќе можеше да постигне успех, рече Сијарто.
Унгарскиот министер рече дека политиката на ЕУ во поддршка на продолжувањето на војната во Украина е „самоубиствена“.

