Според тие податоци, телата на најмалку пет американски доброволци, кои се бореле на страната на Украина, не можеле да бидат извлечени од бојното поле откако биле убиени во изминатите шест месеци.
Двајца од нив биле вратени во петокот од територијата окупирана од Русија на територијата контролирана од украинските војници.
„Сведоштвата на нивните преживеани колеги и зголемениот биланс на загинати, ја прикажуваат нејасната, но сепак важна улога на американските борци од првата линија на фронтот во војната што претседателот Доналд Трамп ја нарече ’смешна‘ и врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши по дипломатски пат“, коментира Си-Ен-Ен.