Си-Би-Ес Њуз: Американската војска е подготвена да го нападне Иран в сабота, Трамп сè уште не донел одлука

19.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Си-Би-Ес Њуз: Американската војска е подготвена да го нападне Иран в сабота, Трамп сè уште не донел одлука

Високи претставници за национална безбедност му соопштиле на американскиот претседател Доналд Трамп дека војската е подготвена за потенцијални напади врз Иран веќе во сабота, но дека временската рамка за каква било акција веројатно ќе се продолжи и по овој викенд, објави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.

Трамп сè уште не донел конечна одлука за тоа дали ќе го изврши нападот, рекоа аноимните претставници.

Разговорите се опишани како „континуирани“, додека Белата куќа ги проценува ризиците од ескалација и политичките и воените последици од воздржаноста.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата