Штајнмаер го именуваше Мерц за премиер, вечерва прва седница на новата германска влада

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Штајнмаер го именуваше Мерц за премиер, вечерва прва седница на новата германска влада

За време на церемонијата во претседателската палата, Штајнмаер ги потврди и назначувањата на 17 министри во федералната влада. Првата седница на новата влада е закажана за вечерва во 22 часот. Мерц е 10-ти канцелар на Сојузна Република Германија.

Во првиот круг од гласањето, во текот на утрото, Мерц доби само 310 од потребните 316 гласови, што се смета за единствен случај кандидат за германски канцелар да не биде избран во првиот круг од гласањето.

Потоа следеа партиски консултации, по што парламентарните групи на ЦДУ/ЦСУ, СПД, Зелените и Левицата се согласија заеднички да одлучат за исклучок од деловникот за работа со цел да се овозможи второ гласање, на кое Мерц не беше номиниран за канцелар од претседателот на државата, туку од Бундестагот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата