Шест лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија, меѓу нив и познат пејач

11.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шест лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија, меѓу нив и познат пејач

- Нема преживеани, изјави полковник Алваро Бело од цивилната воздухопловна служба за радио „Каракол“.

Приватниот авион се урнал во реонот на аеродромот Паипа во департманот Бојака, кратко по полетувањето кон Меделин, соопшти колумбиското Министерство за транспорт.

Видеата кои се шират на социјалните мрежи покажуваат дека авионот не успеал да постигне доволна височина при полетувањето, по што со голема брзина удрил во тревната површина на крајот од пистата и се запалил.

Триесет и четиригодишниот Хименес беше познат во Колумбија по своите изведби на традиционалните мексикански стилови „ранчера“ и „коридо“, со кои имаше милиони слушања на социјалните мрежи. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата