Како што соопшти Прес-службата на НАТО, Шекеринска денеска ќе престојува во Бостон, каде ќе се обрати на собир во центарот „Белфер“ при школата „Харвард Кенеди“.
Утре, Шекеринска ќе отпатува за Вашингтон, каде ќе присуствува и ќе има свое обраќање на Трансатлантскиот форум на Парламентарното собрание на НАТО.
Шекеринска в среда ќе учествува и на дебата на Безбедносниот форум во Аспен.

