Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји организираше состаноци денеска и утре во југозападната кинеска покраина Јунан, соопшти кинеска државна новинска агенција, повикувајќи се на кинеското Министерство за надворешни работи.
Во билатералните разговори со својот камбоџански колега Прак Сокхон, Ванг ги повика двете страни да работат кон сеопфатно и трајно примирје и да ја обноват довербата, според агенцијата.
Сокхон рече дека се надева оти трилатералните разговори ќе придонесат за постигнување траен мир.
Претставници на вооружените сили на Кина, Тајланд и Камбоџа, исто така, ќе се приклучат на консултациите како дел од обидот за консолидирање на договореното примирје, продолжување на комуникацијата и градење политичка доверба меѓу двете соседни земји.

