Шефовите на Би-Би-Си поднесоа оставка поради монтиран говор на Трамп

10.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шефовите на Би-Би-Си поднесоа оставка поради монтиран говор на Трамп

 Генералниот директор Тим Дејви и шефицата на вести Дебора Тарнес поднесоа оставки по критиките за цензура и пристрасност во начинот на кој била пренесена изјавата на Трамп дадена пред упадот во американскиот Капитол пред четири години. Сторијата ја објави британски Телеграф, повикувајќи се на делови од досие подготвено од советник на јавниот сервис за стандарди и насоки. Во документот се критикува начинот на кој говорот на Трамп бил уреден за документарецот објавен пет дена пред изборите во САД. Во документот се наведува дека бил изоставен делот каде Трамп повикува на мирен протест, додека два други сегметни биле споени, така што изгледало дека тој го охрабрува насилството.

-Би-Би-Си тврди дека е не врвот на непристрасното известување. Но, што ако има внатрешно досие кое открива дека тоа не е така. / Една недела пред изборите во САД, емисијата „Би-Би-Си Панорама“ емитуваше документарец наречен „Трамп-втора шанса“ и во него го емитуваа следниот клип: „Ќе одиме кон Капитолот и јас ќе бидам таму со вас, и ќе се бориме, ќе се бориме пеколно.“ Но, Трамп всушност не го кажува ова воопшто. Би-Би-Си споиле заедно две изјави кои се одвоени 54 минути,- - Гордон Рејнер – Уредник во „Телеграф“.

  

Американскиот претседател на неговата мрежа „Truth Social“ се заблагодари на Телеграф за нкако што наведе, разотркивањето на корумпирани новинари. Според него, станува збор за нечесни луѓе кои се обиделе да влијаат врз претседателските избори во САД. Двајцата сега веќе поранешни директори на Би-Би-Си пак, по оставките посочија дека имало грешки во начинот на известување, но тврдат дека не постои системска пристрасност во начинот на известување на британскиот јавен сервис.

-Дали сметате дека новинарите се корумпирани како што вели претседателот Трамп? / Секако дека нашите новинари не се корумпирани. Нашите новинари напорно работат и се стремат кон непристрасност и стојам зад нивната работа. / Дали има институционална пристрасност во Би-Би-Си? / Нема институционална пристрасност. Грешки беа направени, но нема институционална пристрасност. / Зошто не беа решени грешките за Трамп, за анти-семитизмот за правата на жените? / Сигурна сум дека таа сторија ќе излезе, но засега ќе влезам да ги видам нашите тимови, Дебора Турнес – Извршна директорка за вести на „Би-Би-Си“.

Покрај за случајот со Трамп, документот објавен од Телеграф, укажува и на пристрасност на Би-Би-Си во начинот на известувањето за трансродовите прашања и правата на ЛГБТ заедницата. Дополнително во извештајот се посочува и дека Би-Би-Си и неговиот арапски сервис еднострано и неурамнотежено известувале за војната во Газа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата