Шефот на германската дипломатија загрижен заради изјавите на Трамп и Рубио дека САД би можеле да излезат од НАТО

3.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шефот на германската дипломатија загрижен заради изјавите на Трамп и Рубио дека САД би можеле да излезат од НАТО

„Секако, таквите изјави ме загрижуваат“, рече Вадефул, додавајќи дека според него повлекувањето се уште може да се спречи. „Мислам дека нашата јасна посветеност и решителна поддршка за алијансата ќе ги убедат САД да продолжиме заедно“, истакна тој.

Трамп и државниот секретар Марко Рубио неодамна повторно предупредија на можноста САД да го напуштат НАТО поради одбивањето на некои сојузници да учествуваат во војната против Иран. На прашањето на британскиот весник „Телеграф“ дали ќе го преиспита членството во НАТО, Трамп одговори „О, да, би рекол дека е надвор од преразгледување.“

Вадефул посочи дека НАТО има „огромно значење“ за безбедноста на Германија и сите други сојузници, нагласувајќи дека Алијансата е посилна од кога било. Тој ја спомена и интеграцијата на Шведска и Финска во НАТО и подготвеноста на европските земји да издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана.

Министерот исто така нагласи дека Трамп не може сам да одлучи за повлекување од НАТО – „за тоа ќе му биде потребно одобрување од Сенатот на САД“, рече Вадефул.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата